Шведскиот Врховен суд денеска пресуди дека Грета Тунберг и стотици други млади активисти не можат да ја тужат државата пред шведскиот суд за недоволна акција против климатските промени.
Во 2022 година, активистите поднесоа заедничка тужба до окружниот суд тврдејќи дека државата ги крши нивните права според Европската конвенција за човекови права со тоа што не прави доволно за да ги ограничи климатските промени или да ги ублажи нивните ефекти.
Во 2023 година, Окружниот суд побара од Врховниот суд да разјасни дали може да се покрене граѓанска постапка пред шведскиот суд врз основа на такво заедничко барање, откако државата побара да се отфрли случајот.
„Судот не може да одлучи дека Риксдагот или владата мора да преземат некоја конкретна акција. Политичките тела самостојно одлучуваат какви конкретни климатски мерки треба да преземе Шведска“, се вели во денешното соопштение на Врховниот суд.
Околу 300 тужители во колективната тужба, нарекувајќи се себеси група „Аурора“, бараа окружниот суд да и наложи на Шведска да стори повеќе за да го ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови.