Џеф Безос ги праша фановите кој актер би го избрале за следниот Џејмс Бонд – еве кого посакуваат

од Nikola Popovski
158 прегледи

Основачот на Амазон, Џеф Безос, се огласи на социјалните мрежи за да ги праша своите следбеници и фанови кого би избрале да биде следниот Џејмс Бонд. Објавата на Безос дојде неколку минути по изненадувачката вест дека „Амазон МГМ“ ја презеде целосната креативна контрола на франшизата 007 откако склучи договор со долгогодишните продуценти на Џејмс Бонд – Мајкл Г. Вилсон и Барбара Броколи.

Безос на социјалната мрежа „Х“ напиша: „Кого би избрале да биде следниот Бонд?“. Неговите следбеници одговорија со широк спектар на опции, но, најголема поддршка дале за Хенри Кавил, Џејмс Мекавој, Том Круз и Тео Џејмс.

Во четвртокот беше објавено дека Броколи и Вилсон влегле во нов заеднички проект со Амазон за предавање на правата на интелектуална сопственост на Џејмс Бонд. Иако парот ќе остане косопственик на франшизата, трансакцијата ја остава креативната контрола врз сите идни продукции во рацете на Амазон.

Новиот договор доаѓа во време на растечките шпекулации за судбината на британската шпионска франшиза откако актерот Даниел Крег го имаше своето последно појавување како Бонд во „No Time To Die“ во 2021 година. Оттогаш немаше никакви формални планови околу тоа кога би следувало новото продолежние и кој актер би го заменил Британецот во главната улога.

Слични содржини