Даниела Алексовска во финалето на Европското ММА Првенство!

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Македонската ММА федерација продолжува да испишува историја на Европското ММА Првенство! По доминантната победа на Даниела Алексовска над Рути Росмарин од Израел, Македонија повторно ќе има свој претставник во големото финале.

Алексовска ќе се бори за златниот медал на 22 февруари 2025 (сабота) во 18:20 часот, каде ќе се соочи со Анастасиа Хородивска од Украина – актуелна вицешампионка на Светското ММА Првенство 2024 во Узбекистан. Веќе носителка на сребрениот медал од минатото Европско првенство, Алексовска повторно се избори до шанса да се закити со злато и да го запише своето име во историјата на македонскиот ММА.

Овој успех доаѓа по историскиот златен медал што го освои Марко Трајановски во машката категорија, со што Македонија веќе го потврди својот статус на сила во европскиот ММА.

Финалниот дуел е од огромно значење, не само за Алексовска, туку и за македонскиот спорт, кој продолжува да напредува на најголемите меѓународни натпреварувања.

„Мојот тим(Д Стронгест Скопје) е мојата најголема инспирација и се обидувам да ја направам мојата земја горда. Би било прекрасно ако успеам да го донесам второто Европско злато за Македонија – ќе дадам сѐ од себе!“ – Даниела Алексовска

Финалето ќе се одржи на 22 февруари 2025 (сабота) и ќе може да се следи во живо на Arena Fight каналите и IMMAF.TV.

Слични содржини