На Алек Болдвин му било дијагностицирано ПТСД по снимањето на „Rust“

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Алек Болдвин откри дека му била дијагностициранo Посттрауматско стресно растројство, ПТСД (Post-traumatic stress disorder, PTSD) по снимањето на филмот „Rust“.

Болдвин пукаше од пиштол за кој мислел дека е реквизит на снимањето, убивајќи ја снимателката Халина Хачинс и ранувајќи го режисерот Џоел Соуза.

„Нему му беше дијагностицирано PTSD и во најмрачните моменти рече: „Ако несреќата требаше да се случи денес, зошто сум уште тука? Зошто не бев јас?“ Тој ќе се будеше наутро и ќе речеше: „О Боже мој, зошто се разбудив“, рече неговата сопруга Хиларија Болдвин во премиерната епизода на „The Baldwins“.

Алек се сетил како се чувствувал во тие моменти и и се обратил на сопругата: „Посреќен сум кога спијам отколку кога сум буден. Отсекогаш чувствував повеќе болка за тебе отколку за себе. Мислев дека морам да дадам се од себе за да го преживеам тоа, а истото те боли“.

Во тие моменти извор на среќа на Алек и Хиларија биле нивните деца.

„Ги гледам децата и гледам колку напорно се трудиме да ги направиме среќни, дури и ако ги криеме работите. Знам дека низ тоа што поминуваме е уникатно, но секое семејство поминува низ тешки времиња. Тоа е нешто што мораме да го почувствуваме, знаејќи дека најдоброто нешто што можеме да го направиме за нашите деца е да дадеме се од себе и да се обидеме да ги направиме среќни”, рече Хиларија.

За потсетување, пред три години, Алек пукаше со пиштол на снимање на филм и уби снимател. Тој беше ослободен од обвиненијата за убиство од небрежност кон крајот на минатата година. Хана Гутиерез, одговорната за оружјето на снимањето, е осудена на 18 месеци затвор бидејќи по грешка наполнила вистински куршум, кој Болдвин го употребил за време на снимањето.

Слични содржини