107
Ќе следи обнова на Украина, нема да преземаме нешто што не можеме да го исполниме, колку што можеме ќе помагаме, рече на МРТВ министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
-Ќе треба да се определат дополнителни средства од нашите буџети, тоа сигурно ќе биде, и тоа е таа една нова реалност и секоја земја ќе треба да помага.
Нема да преземеме нешто што не можеме да го исполниме, колку што можеме ќе помагаме. Согласно нашите капацитети мора да презмеме одговорност. Да внимаваме во следниот период, колку што можеме да помагаме, но да си гледаме и внатре, рече тој.