Гвардиола: Никој веќе нема да освои 100 бода во Премиер лигата

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го пофали нивото на Премиер лигата. Воедно најави дека поради силната конкуренција во првенството 100-те бода на крајот од сезоната сега се само „фатаморгана“.

„Премиер лигата многу се промени откако дојдов во Англија пред 9 години. Нивото на тимовите се промени. Порано за титулата се натпреваруваа 2-3 екипи, сега ги има уште многу“, сподели тренерот на англискиот шампион.

„А средното ниво? Тие се одлични! Искрено, тие се одлични! Нивните тренери, играчи, скаути. Нивото на тимовите е зголемено. Играте против Волвс и мислите: „Тие можат да играат против нас“. Така сите тимови станаа посилни“, додаде Гвардиола.

„Затоа никој друг нема да добие 100 бода во Премиер лигата, да освои четири последователни титули. Ова нема да се случи во мојот живот, извинете! – му порача менаџерот на Манчестер Сити на Нил Ворнок на YouTube каналот на Sky Sports.

Сити доминираше во Премиер лигата во изминатите четири години и нивниот број од 100 поени од сезоната 2017/18 сè уште не е споредлив со другите кампањи.

„Граѓаните“ вечерва од 17 часот и 30 минути го пречекуваат Ливерпул во натпревар од Премиер лигата.

Слични содржини