Брнабиќ објасни зошто логото на УСАИД е отстрането од веб-страницата на српскиот Парламент

од Nikola Popovski
27 прегледи

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ изјавила дека логото на УСАИД е отстрането од веб-страницата на Ппарламентот на барање на пратеничка група, но и поради тоа што нема дополнителна обврска кон УСАИД да го има логото на веб-страницата.

Брнабиќ истакнала дека не гледа проблем со финансирање проекти од странство се додека тоа е транспарентно и со јасни цели, но дека е проблем ако некој ја финансира смената на, како што вели, демократски избраната влада во Србија.

„Кога помогнаа во создавањето на веб-страницата, стоеше (логото), но, не мора да биде таму засекогаш“, рекла Брнабиќ, одговарајќи на новинарско прашање зошто логото на УСАИД беше отстрането од веб-страницата на Собранието, колку пари УСАИД даде на невладиниот сектор додека таа била членка на НАЛЕД и за што биле вложувани тие пари.

Брнбиќ истакнала дека била еден од основачите на НАЛЕД, но дека никогаш не работела во НАЛЕД, туку била во Управниот одбор на НАЛЕД.

Таа посочила дека и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп кажала колку пари влегле во Србија токму со цел да се дестабилизира и смени српскиот претседател Александар Вучиќ и демократски избраната влада.

„Значи, да се слушне во емисијата на Пирс Морган дека 400.000 долари биле нечија годишна плата во невладиниот сектор во Република Србија само за да работи на соборување на Александар Вучиќ. Навистина заработија многу пари, но, фала богу, не успеаја, благодарение на тоа што Вучиќ ја ужива мнозинската поддршка од народот на Република Србија и благодарност до народот за тоа“, нагласила Брнабиќ.

Додала дека проблем е кога се даваат пари на нетранспарентен начин, кога тие што ги добиле не сакаат да кажат дека ги добиле парите, колку пари добиле, за што ги добиле парите и за што ги искористиле.

Слични содржини