Партијата на пензионери бара од Владата да ги регулира високите цени на лековите

од Nikola Popovski
59 прегледи

Партијата на пензионери изразува голема загриженост од тенденцијата на високите цени на лековите и другите медикаменти и суплементи во земјата. Порачуваат дека фактот што имаме најскапи лекови во регионот е, според нив, показател дека граѓаните и посебно големата пензионерска популација трошат големи финансиски средства и од така своите скромни пензиски примања.

Оттаму, Партијата на пензионери бара и ја потикнува и поддржува Владата во донесување на соодветни системски мерки и алатки кои ќе допринесат за регулирање и контрола на овој многу битен сегмент од секојдневниот живот на пензионерите и граѓаните, и кои ќе ја стабилизираат и долгорочно нивелираат цената на лековите.

-Здравјето на нашите граѓани мора да биде политички приоритет на сите парламентарни и вонпарламентарни субјекти во општеството, истакнаа пензионерите во соопштението.

Фондот за здравствено осигурување неодамна најави измени во правилниците за позитивната листа на лекови, со кои антикоагулансот Клексан ќе може да се подигне на рецепт во аптеките, наместо да се бара рефундација. Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски истакна дека е побарано да се направат две клучни измени во правилникот: прво, да се овозможи преместување на лекови од болничката на аптекарската позитивна листа, а второ, Фондот да добие право за преговарање на цените на лековите кои се субвенционирани.

Слични содржини