Сијарто: Унгарија ќе направи се за Брисел да не го спречи руско-американскиот договор за Украина

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Унгарија ќе направи се за Брисел и европските „провоени“ претставници да не го спречат руско-американскиот договор со кој би се постигнал прекин на огнот во Украина, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Тој нагласи дека Унгарија нема да се согласи на нови испораки на оружје за Украина во вредност од десетици милијарди евра или на продолжување на санкциите против руски поединци денеска на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

„Три години им пркосиме на притисокот, три години не дозволуваме да не туркаат во нивната воена политика, и сега ќе издржиме“, вели МНР на Унгарија во објава на Фејсбук!

Слични содржини