Рускиот конзулат во Марсеј во понеделникот беше затворен поради експлозија, а за инцидентот зборуваше и портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Експлозиите на територијата на рускиот генерален конзулат во Марсеј потсетуваат на терористички напад“, изјави Захарова за ТАСС.
„Русија бара француската страна да преземе исцрпни мерки за да го истражи ова“, додаде таа.
Захарова побара Франција да ги преземе неопходните истражни мерки, како и мерки за зајакнување на безбедноста на руските мисии во странство.
„Експлозиите на територијата на рускиот генерален конзулат во Марсеј ги имаат сите обележја на терористички напад“, истакна Захарова.
Important déploiement de secours suite à une « explosion » a proximité du consulat de Russie à #Marseille.
Le déminage est sur place et pas de victime selon le premier bilan. pic.twitter.com/UD0io3w0sN
— CLPRESS / Agence de presse (@CLPRESSFR) February 24, 2025
Рускиот генерален конзул во Марсеј, Станислав Орански, потврди дека експлозијата се случила во конзулатот и дека пожарникарите во моментов работат на местото на настанот. Од конзулатот за ТАСС изјавија дека на теренот биле фрлени три експлозивни направи, од кои едната била активирана. Според досегашните информации, нема жртви, а евидентирана е и материјална штета.
Експлозијата се случи на денот на одбележувањето на третата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина. ТАСС, пак, наведува дека пред неколку дена, на 19 февруари, Службата за надворешно разузнавање (СВР) на Руската Федерација известила дека властите во Киев ја разгледуваат можноста за извршување терористички напади врз руските дипломатски претставништва во Европа, особено во Германија, балтичките земји и Скандинавија.