48
Еден од лидерите на Алтернатива за Германија (AfD) Алис Вајдел денеска изјави дека добила честитки од милијардерот Илон Маск за постигнатите изборни резултати.
Ден по изборите таа повтори дека партијата постигнала историски резултат, пренесува германски „Цајт“.
„Ниту една друга партија во Европа не успеала за толку кратко време да се развие во народна партија. Во следните неколку години ќе ја ставиме Германија во ред. Утрово, кога го вклучив телефонот, видов дека добив повици и пораки од САД, вклучително и од Илон Маск со лични честитки. Во контакт сме со сите страни, вклучително и администрацијата на (американскиот претседател Доналд) Трамп“, рече таа на прес-конференција.