8
Добри вести од Фиренца. Фудбалерот на Фиорентина, Мојс Кин, е пуштен од болница откако се здоби со повреда на главата на вчерашниот натпревар против Верона.
Иако на почетокот се чинеше дека се работи за посериозна повреда. Клубот денеска соопшти дека Кин е пуштен на домашно лекување и дека сите тестови се добри. Првотимецот на „виолетовите“ синоќа од Верона се врати во Фиренца. Сите клинички тестови беа негативни, ќе остане само лузна, се наведува во извештајот.
И покрај добрите резултати нема да игра во следното коло против Лече. Фиорентина за краток период доживеа два сериозни здравствени проблеми. Прво Едуардо Бове колабираше против Интер, а сега падна и Мојс Кин, за среќа и двата случаи завршија со позитивен исход.