Хакан Фидан: Турција е подготвена да придонесе за мирот во Украина

од Aneta Risteska
18 прегледи

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денеска во Анкара на заедничка прес-конференција со неговиот руски колега, Сергеј Лавров, изјави дека Турција е подготвена да придонесе за мирот во Украина.

Потсетувајќи дека САД покренаа иницијатива за ставање крај на руско-украинската војна преку преговори, Фидан посочи дека „оваа иницијатива се совпаѓа со политиката што Турција ја спроведува од почетокот на конфликтот“, пренесува „Anadolu Agency“.

„Ние ѝ придаваме големо значење на новата американска иницијатива како пристап ориентиран кон резултати. Сметаме дека со преговори може да се постигне решение кое ќе обезбеди мирна рамка.

„И ние сме, како и досега, подготвени да бидеме домаќини на преговорите“, рече турскиот министер за надворешни работи.

Тој потврди дека Турција ќе продолжи со напорите за обезбедување на безбедноста на пловидбата во Црното Море и додаде дека ова е важна мерка за градење доверба, пренесува Танјуг.

Слични содржини