Судењето во Франција е скандалозно, нема веќе да работам во оваа земја, рече Де Зерби

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Тренерот на Марсеј, Роберто Де Зерби, беше бесен на арбитражата при поразот од Оксер со 0:3 во меч од 23. коло на Лига 1. Незадоволството најмногу му беше поради исклучувањето на Дерек Корнелиус во 63. минута. По средбата, италијанскиот стручњак вети дека повеќе нема да работи во Франција.

„Се надевам дека црвениот картон на Корнелиус нема да се види надвор од Франција бидејќи остава лош впечаток на локалниот фудбал. Морам да кажам дека судијата Џереми Стина влијаеше на текот на натпреварот со своите одлуки. Имаше и чист и очигледен пенал за нас кој не беше досуден.

Отстранувањето на Корнелиус е скандалозно. Мислам дека моите поплаки не се неправедни. Судијата не успеа да си ја заврши работата. Можеби во минатото имаше некои дискусии кои влијаеа на неговите одлуки на овој натпревар.

По Марсеј, никогаш повеќе нема да тренирам во Франција. Ако Французите се задоволни од ваквото судење, нека биде… Но, денеска имаше скандалозно судење“, изјави за „Телефут“ Де Зерби, кој има договор со Марсеј до 2027 година.

Слични содржини