На Бред Пит му беше забранет влез во Кина речиси 20 години поради филм во кој глумеше во доцните 1990-ти.
Имено, заплетот на филмот „Седум години во Тибет“ ја натера кинеската влада да го казни славниот актер, а се базира на историски настан од средината на дваесеттиот век.
Филмот беше забранет од канцелариите за цензура во Пекинг и не можеше да се прикажува во Кина поради негативното прикажување на земјата и војската. Исто така, на славниот актер му беше забранет влез во Кина од 1997 до 2014 година.
Филмот, во режија на Жан-Жак Ано, е адаптација на автобиографијата на Хајнрих Харер, австриски планинар кој го напуштил своето семејство во 1939 година за да оди на експедиција на Хималаите. Кога избила Втората светска војна, Хајнрих и неговите пријатели биле заробени од британски војници.
Години подоцна, во 1944 година, тој успеал да побегне и стигнал до главниот град на автономниот регион на Тибет, Ласа, каде што го запознал и се спријателувал со младиот Далај Лама. Двајцата станаа пријатели пред инвазијата на Кинеската Народноослободителна армија во 1950 година.