ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Каранфилова ги бранат судиите и обвинителите кои ги ставија, а го ослободија убиецот на Фросина

од Nikola Popovski
505 прегледи

СДСМ и Фани Каранфилова Пановска ги бранат судиите и обвинителите кои донесоа слобода за убиецот на Фросина, кои го ослободија Венко Филипче од обвинение за модуларната болница, Трпков кој ги судеше луѓето од 27ми април, обвинителите од СЈО кои треба да враќаат пари на државата поради неоснованите и незаконски приходи, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на вчерашните изјави на потпретседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска.

Според партијата на власт, слепата лојалност на дел од судиите и обвимителите кон СДСМ и ДУИ е срам за фелата и за сите чесни и професионални луѓе што работат во институциите.

-Ова однесување на СДС и Фани Каранфилова Пановска, кое е само продолжение на однесувањето на СДС изминатите 7 години го донесе падот на листата на Транспаренси и го донесе рејтингот на судството и обвинителството дури и за нијанса полошо од рејтингот на СДС како партија. Истите тие кои не покренуват случаи за ниту еден градоначалник на СДС, ниту еден министер, директор, тоа се тие судии кои го штитат криминалот на клановите кои ја униптија државата, порачаа меѓу другото од ВМРО-ДПМНЕ.

Каранфилова Пановска вчера обвини дека партијата на власт избира половични решенија со кои покажува дека нејзината главна цел е поставување партиски кадри на клучни позиции, а не вистинско подобрување на судството.

-Тоа е упад во правосудниот систем. Зошто вие сега има потреба како Собрание среде некаков процес, ако правите реформи тоа не се процеси со коишто со ад-хок решение правите дисторзија на процесот. Ако сте се нафатиле да правите реформи во правосудниот систем во конкретниот случај, тоа е нешто што има утврдени чекори, план, стратегија согласно коишто треба да постапувате. Ако вие во таквата стратегија којашто не гледам дека ВМРО-ДПМНЕ ниту ја констатира, ниту па некако ја третира, влегувате со ад-хок упади за измени, тоа нема како поинаку да го кажеме, освен како упад во независноста на судството и замена на сегашните членови со некои коишто ќе бидат партиски послушници на ВМРО-ДПМНЕ, кажа вториот човек во СДСМ во емисијата „360“ на МТВ.

Иако и СДСМ не е задоволен од работата на обвинителството, Каранфилова-Пановска нагласува дека ВМРО-ДПМНЕ не се обидува да направи суштински реформи, туку преку упад во правосудниот систем сака да воспостави целосна партиска контрола врз него.

Предлогот за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски денеска на владина седница. Постапката е тргната и нема да запре, но ќе потрае, велат од Владата. Министерството за правда ќе го достави документот со аргументите, а откако ќе биде усвоен, ќе се прати во Советот на јавните обвинители.

Како причини за смена на републичкиот обвинител се наведуваат нарушениот углед и функционалноста на Обвинителството, незаконските постапувања и корупцијата, влијанието и неефикасноста. Коцевски негираше дека работел незаконски, па дури најави и дека ќе се повлече ако се утврди дека сторил тешка дисциплинска повреда.

Слични содржини