Папата Франциск, кој е во критична состојба во болница со билатерална пневмонија, „добро се одмори“ во текот на ноќта, објави во вторникот Ватикан.
„Папата добро се одмори цела ноќ“, се вели во кратката изјава во една реченица на Светата столица на 12-тиот ден од неговата хоспитализација.
Ова е најдолг престој во болница од почетокот на неговото папство во 2013 година.
Ватикан во понеделникот вечерта објави дека здравствената состојба на папата Францис (88) покажува „благо подобрување“, иако и понатаму е „критична“.
88-годишниот папа беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари, откако неколку дена имаше проблеми со дишењето, а потоа му беше дијагностицирано воспаление на белите дробови.
Франциск, последните две години боледува од лоша здравствена состојба. Тој е особено склон кон инфекции на белите дробови бидејќи кога бил млад заболел од плеврит и му бил отстранет дел од едното белодробно крило.