Хајредини тврди: Во приватниот сеф на Груби има „бомби“ за Ахмети

од Nikola Popovski
69 прегледи

Политичкиот аналитичар и поранешен министер за финансии, Џевдет Хајредини тврди дека екс-вицепремиерот и бегалец Артан Груби поседува „бомби“ за раководството на ДУИ и дека тие му биле предадени од екс-премиерот, Зоран Заев.

„Груби, според внатрешни извори, со поддршка на Али е хорор за поранешните и актуелните партиски функционери. Овој разумен страв доаѓа од фактот дека некогаш, во времето на ‘бомбите’, сите снимени разговори за функционерите на ДУИ, вклучително и за Али, му беа предадени на Артан од Заев. Како што е познато, во стотиците пуштени бомби, не излегоа бомби за главите на ДУИ, а сите тврдат дека ги има многу, и дека се добро чувани во приватниот сеф на Артан Груби. Со нив може да уценува, да сее страв…“, објави Хајредини на социјалните мрежи.

Обвинителството сè уште е под влијание на Али Ахмети и затоа тој не е повикан на распит по допрен глас, тврди вицепремиерот Изет Меџити кој деновиве изјави дека лидерот на ДУИ е во секојдневна комуникација со Груби. Прашањата за бегалецот ги препраќа на адреса на Ахмети за кого вели дека ги има сите одговори, уште на крајот на минатата година изјави дека знае каде се наоѓа Груби, но истражните органи не реагираа.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски неодамна повтори дека засега нема официјална информација која може да ја споделат со јавноста ниту каде е Гриби, ниту дека е достапен на било кои наши партнерски служби, како во соседството, така и пошироко.

Груби се бара со меѓународна потерница, а неодамна лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека „неговата локација е на албанските простори“.

Слични содржини