СДСМ ги поднесе документите за Меџити и го нарече Мицкоски „кадија и главен државен обвинител“

од Nikola Popovski
141 прегледи

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска ги поднесе документите за министерот Изет Меџити до премиерот Христијан Мицкоски кого го обвинуваат за злоупотреба и корупција. Како што рече Кузеска, предаваме документи до „самопрогласениот главен државен обвинител, кадија и врховен судија“.

Од СДСМ велат дека документите ги добиле преку свиркачи и се од државни институции со архивски броеви, печати и потписи.

-Според наведеното во документите, во МЖСПП бил поставен систем за потпис и одлучување спротивно на законите и административните процедури што остава простор за сомнеж за корупција и мито. Очекуваме Мицкоски да ги прочита и разгледа документите и да одговори за сомнежите. Да видиме дали ќе ги повика надлежните институции да реагираат или ќе продолжи да го штити Изет Меџити, кажа Кузеска пред зградата на Владата.

Портпаролката на СДСМ очекува реакција од премиерот во најбрз можен рок и да постапи согласно доказите.

-Нека ги погледне докуметите и тоа што следува после тоа, нека ѝ најави на јавноста кои чекори понатаму ќе ги преземе, рече Кузеска во изјава за медиумите запрашана дали опозицијата бара оставка од вицепремиерот Меџити.

Слични содржини