📹Tesla Cybertruck доби пет ѕвезди на американскиот „crush“ тест

од Vladimir Zorba
31 прегледи

Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA) го подложи Tesla Cybertruck на стандардизиран, но опционален сет на тестови за судир.

Контроверзниот пикап камион на Tesla, склопен со егзоскелет од нерѓосувачки челик и надвор од класичните принципи на автомобилскиот дизајн, предизвикува скептицизам за безбедноста уште од своето појавување. Некои тврдеа дека му недостигаат класични зони за „гужвање“ во каросеријата и дека поради неговата прекумерна ригидност може да биде „ковчег на тркала“, додека други беа позагрижени за неговиот робустен оклоп, кој претставува голема опасност за другите учесници во сообраќајот, особено за ранливите, како што се велосипедистите или пешаците.

Максимален резултат на ограничен тест

Последните резултати од тестот ги отфрлија овие првични сомнежи. Cybertruck ги помина сите тестови со исклучителни пет ѕвезди. Бил тестиран во сценарија за фронтална несреќа, каде што добил пет ѕвезди за заштита на возачот и четири за сопатникот. При странични судири во сите сегменти постигна одличен максимален резултат, што дополнително потврди дека патниците во тој „тенк“ се целосно безбедни, наведува „Autonet“.

По повод успешното тестирање, Tesla објави и видео од своите внатрешни безбедносни тестови, на кое се гледа дека пикапот е дизајниран за уште поопасни сценарија од оние на стандардните тестови.

Сепак, NHTSA не ја зема предвид безбедноста на другите учесници во сообраќајот, како што би било случај во тестирањето на Euro NCAP. На тој тест, дури и за чудо да ја помине хомологацијата за европските патишта, тешко дека би добил високи оценки во случај на судир со пешаци и велосипедисти. Браниците кои се превисоки, рабовите на челичните панели се премногу остри и необичните агли на големите рамни површини тешко би се покажале безбедни за ранливите учесници во сообраќајот – така што рејтингот на Euro NCAP речиси сигурно би бил понизок од максимумот.

Дополнително, експертите истакнуваат дека „оклопното“ стакло и каросеријата на Cybertruck би претставувале дополнителен проблем во случаи на сериозни несреќи. Како такви, тие имаат големи шанси да ги заробат патниците во уништено возило и значително да им отежни на спасувачките тимови да извлечат жртви со сечење на каросеријата и кршење на прозорците.

Слични содржини