Филипче под итно да ги отпушти советниците кои го натераа да збори невистини, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
67 прегледи

Под итно да ги отпушти советниците кои денес го натераа да збори невистини, а доколку тоа не го направи јасно е дека тој свесно и отворено манипулира, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Од партијата на власт обвинуваат дека Филипче не знае како и зошто гласала Македонија во Обединетите нации, а држи прес конференции за тоа.

-Во еден момент Филипче вели цитираме “Македонија прифати да бидеме конспознори на американската резолуција, а потоа беше воздржана, прв пат влада која конспозорира потоа не гласа за резолуцијатa”. Она што Филипче не го знае и што е единствена вистина е дека Македонија и САД гласаа унисоно. Односно исто како и САД, Македонија гласаше воздржано за резолуцијата откако претходно беа прифатени амндмани кои не беа на линиција со резолуцијата која беше коспонзорирана и произведена од нашиот стратешки партнер САД, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека „прес-конференциите на Филипче освен што се аматерски, и служат за засмејување, тие во основа се манипулативни и погрешни“.

Лидерот на СДСМ смета дека Македонија испрати порака дека нејзината надворешна политика е импровизација по гласањето за резолуциите во ОН за војната во Украина. Оценува дека Владата ја продлабочи конфузијата со тоа што прифати да бидеме коспонзори на американската резолуција, а потоа да гласаме „воздржано“. Филипче потенцира дека за првпат една македонска Влада што коспонзорира резолуција потоа не гласа за истата. Претседателот на СДСМ тврди дека ќе беше многу помудро да гласевме „за“ двете резолуции и ќе беше стабилна позиција.

Филипче информира и дека преставници на странските амбасади во земјата се јавувале вчера во СДСМ  за да изразат зачуденост и за да прашаат што стои зад начинот на кој нашата држава гласаше во Обединетите нации околу резолуциите што се однесуваа на Украина, а на што имаше и реакции во јавноста. Додаде дека во тие јавувања го оцениле потегот на Владата како навистина загрижувачки.