Корисниците на Instagram добиваат Reels со насилни и сексуални содржини

од Vladimir Zorba
60 прегледи

Meta потврди за CNBC дека поради проблем на Instagram корисниците добиваат Reels кои вообичаено не се појавуваат во алгоритмите, а тоа се клипови кои прикажуваат насилство и сексуална содржина.

„Работиме на решавање на проблемот што резултираше со тоа што некои корисници гледаат содржини во нивниот „feed“ на „Instagram Reels“ што не треба да се препорачува. Се извинуваме за ова“, рече Meta.

Корисниците на социјалните мрежи прашуваа дали и другите се преплавени со Reels кои содржат насилни и сексуални теми. Еден корисник на Reddit рече дека видел снимки од пукотници во училиштата и видеа од убиства.

Друг рече дека добил видеа од прободување, обезглавување, кастрација, голотија, нецензурирана порнографија, па дури и силување. Некои од нив рекоа дека сè уште гледаат слични клипови дури и по активирањето на опцијата Sensitive Content Control.

Алгоритмите на социјалните мрежи се дизајнирани да им прикажуваат на корисниците клипови и други содржини слични на она што тие обично го гледаат, читаат или со кои комуницираат. Во овој случај, Instagram им прикажуваше содржина на луѓе кои немаа врска со слични Reels, а понекогаш дури и откако корисникот кликна на опцијата „Не сум заинтересиран“ на Reels со насилна и сексуална содржина.

Портпаролот на Meta не откри за CNBC за што точно станува збор, но некои од пријавените клипови воопшто не треба да се наоѓаат на Instagram, со оглед на политиките на компанијата.

Слични содржини