Aston Martin ќе отпушти 5% од својата работна сила

од Vladimir Zorba
5 прегледи

Aston Martin планира да отпушти 170 работници или околу пет отсто од својата работна сила.

Компанијата лани остварила загуба од 323,5 милиони фунти, што е зголемено за 42 отсто на годишно ниво, јавуваат странските агенции.

„Мојот приоритет понатаму е да поттикнам оперативна извонредност и дисциплина додека продолжуваме да ја трансформираме компанијата во одржлив и профитабилен бренд“, напиша извршниот директор на Aston Martin, Адријан Халмарк во изјавата за објавување на резултатите.

Бројот на продадени автомобили лани е намален за девет отсто, на 6.030 автомобили. Помалата продажба на Aston Martin се припишува на проблемите со синџирот на снабдување и полошите макроекономски услови во Кина, пренесува француската агенција АФП. Обемот на продажба во Кина минатата година се намали за 49 отсто.

Производителот на луксузни автомобили, исто така, предупреди минатиот септември дека годишно ќе се произведуваат околу 1.000 возила помалку поради проблеми со синџирот на снабдување, објави германската новинска агенција dpa.

Слични содржини