Мота по елиминацијата од Купот: Се срамам од нашиот настап

од Vladimir Zorba
6 прегледи

Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота ја коментираше елиминацијата од 2:4 од Емполи по изведувањето пенали во меч од 1/4 финалето на Купот на Италија. Стручњакот рече дека се срами од перформансите на тимот.

Еве што изјави Бразилецот по натпреварот:

„Се срамам. Навистина се срамам од нашиот настап во првото полувреме и се надевам дека и играчите го чувствуваат истото. Не можеме да пристапиме со таков став. Срамно е тоа што се случи и очигледно е моја вина. Очигледно не успеав да им пренесам на играчите колку е важен овој натпревар. Не сме во полуфиналето затоа што го заслуживме тоа.

Верувам во овој тим бидејќи има класа. Но, класата не е доволна. Во фудбалот ви требаат други елементи, а една од главните работи е ставот. Ова е првото нешто за што зборуваме овде. Затоа се срамам. Затоа што секој може да направи лошо додавање или лош шут, тоа не е ништо. Но, да се има погрешен став е неприфатливо. Без коментар.

Ова се основите, секој мора да се бори на теренот и на тренинзите, играчите треба да си помагаат и да ја почитуваат историјата на клубот. Но, ние го покажавме токму спротивното, особено во првото полувреме. Проблемот не беше технички или тактички, јасно е дека не ги научив играчите колку е важен овој турнир и што значи тој за Јувентус“.

Слични содржини