Град Скопје тврди дека Трајановски е разрешен пред три месеци и обвини дека „немал вкупно три активни минути на функцијата“

од Nikola Popovski
35 прегледи

Откако Александар Трајановски, денеска пред седницата на Советот на Град Скопје објави дека поднесува оставка од функцијата заменик-градоначалник, од Кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска испратија соопштение во кое велат дека тој не може да даде денес оставка од местото од кое е разрешен пред 3 месеци.

-Лицето Александар Трајановски не ја извршува функцијата заменик градоначалник на град Скопје повеќе од три месеци. Имено, истиот е разрешен од функцијата на  19.12.2024 година. Оттука, нејасно е од која функција си дава оставка ова лице. Трајановски е разрешен од функцијата поради нарушување на угледот на град Скопје, неизвршување на своите задачи и неисполнување на својата функција како заменик градоначалник. Поточно, ова лице нема вкупно 3 активни минути на својата функција, посочуваат оттаму.

По однос на обвинувањата на Трајановски за „влијание од ДУИ“, од Градот Скопје целосно ги демантираат како лажни вести и несериозни обвинувања.

-Кадрови решенија градот Скопје немаше две години, ниту постоеше можност за вработувања поради неизгласани планови за вработување, а доколку истото некогаш би се реализирало би било врз основа на распишан оглас за вработување, со единствен критериум е исполнување на квалификациите и избор на најдобрите кандидати според закон. Доколку на Трајановски ништо не му сметало во градот Скопје повеќе од 3 години па се до неговото разрешување во декември 2024 година, прашање е зошто би му сметало сега, велат од Кабинетот на Арсовска.

Претходно Трајановскии информира дека со најголем дел од јавните претрпијатија под капата на градот, раководат кадри на опозициската ДУИ. „Јас не прифаќам да бидам заменик градоначалник само на Сарај, не прифаќам ниту градот да удоволува само на потребите на екипата од Сарај“, објави, тој меѓудругото.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Трајановски која е член на партијата, ГРОМ, како што велат, задоцни цели 3 години во процената на личноста и неделата на градоначалничката Данела Арсовска. Неговата оставка од местото заменик-градоначалник, како што истакнуваат од владејачката партија, не е последица на неговиот револт од пајташите на Арсовска, туку веројатно причина се нереализирани бизнис-интереси во морето интереси заокружени околу Арсовска.

Слични содржини