Халанд израмни импресивнo дотигнување на Ван Нистелрој

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Победничкиот гол на Ерлинг Халанд во победата од 1-0 на Манчестер Сити над Тотенхем синоќа беше негов 20-ти во Премиер лигата оваа сезона. Со тоа, напаѓачот се израмни со импресивното достигнување на легендата на Манчестер Јунајтед, Руд ван Нистелрој.

Тие се единствените двајца играчи во историјата кои постигнале најмалку 20 гола во секоја од нивните први три сезони во Премиер лигата. Во својата дебитантска кампања во 2022/23 во Сити, Халанд постигна рекордни 36 гола на 35 првенствени натпревари, а минатата година додаде уште 27 гола на 31 натпревар во првенството. Сезонава стигна до бројката од 20 гола на 26 натпревари во англиската елита.

Од друга страна, Ван Нистелрој дебитираше за Јунајтед во сезоната 2001/22 со 23 гола на 32 натпревари во Премиер лигата. Во следната кампања постигна 25 гола на 34 првенствени натпревари, а во третата сезона во Англија постигна точно 20 гола на 32 првенствени натпревари.

Слични содржини