Френсис Форд Копола се збогува со Хeкмaн: „Тој беше прекрасен во својата работа“

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Колегите се збогуваат со холивудскиот актер Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава. Двојката, која беше во брак од 1991 година, беше пронајдена мртва во нивниот дом, заедно со нивното куче, кое исто така почина.

По тажната вест, легендарниот режисер Френсис Форд Копола (85) и актерот Џорџ Такеи (87), меѓу другите, споделија трогателни објави во чест на актерот и неговата сопруга.

Копола, кој работеше со Џин на филмот „Разговор“ од 1974 година, напиша на „Тредс“: „Загубата на голем уметник секогаш е причина и за тага и за славење. Џин Хекман беше одличен актер, инспиративен и величенствен во својата работа и сложеност. Тагувам за неговото заминување, но го славам неговото постоење и придонеси“.

Џорџ Такеи, актерот од „Ѕвездени патеки“, се огласи на X. „Изгубивме еден од вистинските великани на екранот. Џин Хекман можеше да отелотвори секого и секогаш можеше да почувствуваш цел живот зад неговите улоги. Тој може да биде кој било и никој, моќна фигура или обичен човек. Таков беше неговиот актерски талент. Ќе ни недостига, но неговата работа ќе живее засекогаш“, напиша тој.

Да потсетиме, полицијата на округот Санта Фе вчера попладне ги откри телата на двократниот оскаровец (95), 63-годишната Бетси и нивното куче. Нема сомнеж за кривично дело, а причината за смртта не е објавена. Шерифот на округот Санта Фе, Адан Мендоза денеска ја потврди веста.

„Можеме да потврдиме дека и Џин Хекман и неговата сопруга беа пронајдени мртви во средата попладне во нивниот дом на Сансет Треил“, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Санта Фе во Ново Мексико. „Истрагата сè уште е во тек, но во овој момент немаме причина да веруваме дека овие смртни случаи се резултат на кривично дело. Чекаме одобрение за да издадеме налог за претрес“, додаде Мендоза.

Слични содржини