Блејк Лајвли се збогува со Мишел Трахтенберг: „Беше гласна, силна и уникатна“

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Блејк Лајвли и посвети емотивна објава на нејзината колешка Мишел Трахтенберг. Мишел ненадејно почина на 26-ти февруари на 39-годишна возраст.

Лајвли објави нивна заедничка фотографија. Двете глумеа заедно во серијата Gossip Girl. Блејк ја толкуваше Серена ван дер Вудсен, додека Мишел ја глумеше Џорџина Спаркс.

„Ова беше првиот ден кога ја запознав Мишел“, напиша Лајвли во описот на фотографијата. „Кога Мишел ќе влезеше во соба, го знаете тоа бидејќи енергијата се менуваше. Сè што правеше, правеше 200%“, се потсети Блејк.

Лајвли продолжи: „Таа од срце ќе се смееше на нечија шега, ќе се спротивставеше на авторитет ако почувствува дека нешто не е во ред, длабоко се грижеше за нејзината работа, беше горда што е дел од оваа заедница и индустрија, без разлика колку е болно на моменти. Беше неверојатно лојална на своите пријатели и ги поддржуваше оние што ги сакаше. Беше единствена гласна, силна и уникатна“.

Лајвли се присети и како Трахтенберг носеше „сјај за усни со мирис на карамел“ на снимањето – мал чин на љубезност кон нејзините колешки.

„Таа не сакаше само да блесне пред камерата, таа сакаше да создаде пријатно искуство за сите што беа околу неа, дури и преку суптилниот мирис на нејзиниот сјај за усни бидејќи се грижеше за тие слатки детали“.

Таа ја нарече „вистински љубезна личност“, а потоа се осврна на фактот дека нејзините колеги со текот на времето изгубиле контакт.

„Времето минува. Земате здраво за готово дека повторно ќе видите стар пријател. Да парафразирам, вистинските трагедии во животот се оние кои ве погодиле ненадејно, во обичен ден”, напиша Блејк.

„Светот изгуби исклучително чувствителна и добра личност. Нека нејзината работа и нејзиното големо срце ги паметат оние кои имаа среќа да го почувствуваат нејзиниот оган“, заклучил Блејк.

Слични содржини