Петровска: Намерата на Кочовска беше да бидам омаловажена, дали имам семејство или имам деца е мое лично прашање

од Milan1
476 прегледи

Јас добив навреда, но не ја примив навредата, дали беше намерата да бидам навредена и омаловажена затоа што немам деца и немам семејство, апсолутно да, рече пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24, коментирајќи ја денешната изјава на Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, дека „Петровска не знаела колку троши четиричлено семејство затоа што немала деца и живее сама“.

Реакцијата на Кочоска уследила откако Петровска ја прашала зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржаа законот за намалување на патните трошоци.

-„Наместо тоа мене вака ми се обрати министерката: „Не можам да кажам, почитувана“. Дали јас со нешто ја навредив. Не. „За да кажам почитувана мора да ја заслужите мојата почит“. Во диктатура е така, во демократија е обратно, министрите се тие кои ја бараат почитта од пратениците, без разлика од која партија доаѓаат. „Врз основа на тоа што вие во уста ги ставате мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши. Јас сум мајка на два сина“. На што алудира ова ако не на потценување и обид да ме дискредитира, да ме дискриминира заради тоа што јас немам деца. Тоа е моја лична состојба, мојот личен статус и тоа дали сум сама, дали имам семејство или имам деца е мое лично прашање. Зошто е тоа така знам јас и судбината. Јас жалам што еве веќе 15-тина минути дискутираме за нешто што денеска се случи во Парламентот“, истакна Петровска.

„Да бевме нормална држава, во којашто постоеше одговорност и во којашто се знаеше редот, кој поставува прашања во парламентот и кој кого повикува на одговорност јас очекував дека досега ќе имавме оставка од министерката“, додава таа.

Слични содржини