88
Две големи добивки на лотарија во Тексас, во вкупна вредност од речиси 180 милиони долари, сега се под истрага поради сомневање дека продавачите и купувачите на добитните ливчиња ги злоупотребиле правилата.
Јавниот обвинител на Тексас, Кен Пакстон, покрена сопствена истрага, додека републиканскиот гувернер Грег Абот најави дополнителна проверка претходно оваа недела, јавува „Гласот на Америка“.
Добивката од 83 милиони долари се случи овој месец, додека добивката од 95 милиони долари беше освоена во 2023 година.