Објавени првите резултати од обдукцијата на Џин Хекман: ​​Полицијата открива што се случило

од Nikola Popovski
63 прегледи

Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава беа пронајдени мртви на 26 февруари 2025 година, во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико. Актерот неодамна наполни 95 години додека неговата сопруга имаше 63. Со нив било пронајдено и мртво куче кој бил нивен миленик.

Полицијата во извештајот навела дека Џин Хекман бил на вратата од друга соба во близина на кујната, додека неговата сопруга лежела во бањата со грејач до главата. Постои можност Аракава да паднала ненадејно, но конкретните причини за смртта се уште не се утврдени. Тестовите на гас во домот не покажале знаци на истекување на јаглерод моноксид или труење, според Си-Ен-Ен.

Првичните резултати од обдукцијата не укажуваат на знаци на повреда ниту пак имало „надворешна траума“. До сопругата на актерот било пронајдено шише со апчиња на рецепт, расфрлани по работната површина. Според „CNN“, кучето било пронајдено мртво во бањата.

Барањето за претрес вклучувало дозвола за пребарување на потенцијално запаливи материјали, контролирани супстанции, оружје, траги од ДНК и други докази.

„Извештаите на медицинските истражители со конечна причина за смртта обично се завршуваат во рок од четири до шест недели“, рекол Крис Рамирез, портпарол на канцеларијата на медицинските истражители во Ново Мексико.

„Сакаме да се увериме дека истрагата е спроведена правилно и дека објавуваме точни информации“, рекол шерифот Мендоза во четвртокот.

Во соопштението на семејството, ќерките и внуката на Хекман порачале дека се „скршени од загубата“.

„Со голема тага ја објавуваме веста за смртта на нашиот татко Џин Хекман и неговата сопруга Бетси“, се вели во соопштението. „Милиони ширум светот ја сакаа и се восхитуваа на неговата брилијантна актерска кариера, но за нас тој секогаш беше само татко и дедо. Неизмерно ќе ни недостига.

Смртта на трикратниот оскаровец ја изненади јавноста неколку дена пред престижната церемонија на доделувањето на Оскарите, која ќе се одржи викендов. На Хекман ќе му биде оддадена почит време на церемонијата на Оскарите, изјавил извор запознаен со подготовките за церемонијата.

Слични содржини