Карпош почна со пролетната дератизација

од Nikola Popovski
23 прегледи

Општина Карпош информира дека во тек е редовната пролетна дератизација на околу 5.000 шахти на територија на општината.

Како дел од рутинските активности за одржување на јавната хигиена претходно, со процесот на дезинфекција, дезинсекција и дератизација се опфатени сите основни училишта и детски градинки.

-Локалната самоуправа ја презема оваа активност секоја година на пролет и есен, како превенција од штетните глодари и инсекти, во насока на одржување на здравата животна средина, стои во соопштението на Општина Карпош.

Слични содржини