Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска не планира да си поднесе оставка, по денешното барање на СДСМ по вчерашните навреди кон пратеничката Славјанка Петровска. На брифинг со медиумите, соопшти дека веќе изразила жалење на целиот контекст и смета дека народот има поважни теми од лажната тема која, како што вели, СДСМ ја создаваат за дефокус.
-Никогаш немав да намера да навредам никого, напротив, тоа и самата го знае тоа, ама, вака и чини сега да изигрува жртва. Откако се искоординирале, па прават тема од тоа, бидејќи колку што можевте да заклучивте, додека дискутиравме во Собранието, реакции немаше, им требаше време да се реорганизираат, да видат, да размислат и да дефокусираат. Ниту една туѓа навреда кон мене нема да ме вовлече да навредувам и да возвраќам со навреди. Ова се ќе помине и за мене е најважно да останеме луѓе и да помагаме на луѓето колку што можеме. За мене темата е затворена и се фокусирам на мојата работа. Затоа им сметам бидејќи темелно чекор по чекор си ја работам работата и резултатите се јасни и видливи. Не исклучувам да продолжат со напади кон мене, но тоа е дел од работата која ја водам и честа да му служам на народот и државата, рече министерката на прес-конференција во Владата, додавајќи дека постојано била предмет на лажни изјави и соопштенија по социјалните медиуми со месеци, но дека не се пожалила.
-За мене темата е затворена, секој има право и ги повикувам да си ги искористат , па да видиме кој бил во право, кој не бил и кој се трудел да дефокусира или да користи злоупотреби и лажна терминологија, додаде Димитриеска Кочоска.