Времето викендов облачно со повремен локален дожд

од Milan1
14 прегледи

Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно и релативно топло, претпладне во делови од котлината со појава на магла и услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во недела времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места ќе има вренежи од дожд, локално пообилни (до 15 l/m2), а во текот на ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места претежно во западните и северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер и дневната температура ќе биде пониска.

Во деновите потоа времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Слични содржини