Возачите во Формула 1 го завршија тридневното тестирање во Бахреин. На последниот ден, возачот на Мерцедес Џорџ Расел го имаше најбрзиот круг на патеката Сахир, комплетирајќи 91 круг и поставувајќи најдобро време од 1:29.545 минути.
Светскиот шампион Макс Верстапен во Ред Бул заостана 0,021 стотинка, трет беше Александар Албон во Вилијамс (0,105 заостаток), потоа Оскар Пјастри со Мекларен (0,395), Луис Хамилтон со Ферари (0,800), Јуки Цунода со Рејсинг Бул-Хонда (0,952).
Најмногу круга извозе Александар Албон, 136, Естебан Окон нешто помалку (102), Верстапен беше на патеката 81 круг, а Хамилтон само 47 круга.
Сега се завршени претсезонските тестови, сите тимови ги забележаа своите силни и слаби страни и сега се подготвуваат за првата трка од вкупно 24-те трки оваа сезона, која ќе се одржи од 14 до 16 март во Австралија, на патеката Алберт Парк во Мелбурн.
Таму ќе се соочат со 58 круга (306.124 км), а лани победи Карлос Саинц, тогаш во болидот на Ферари, а оваа сезона е возач на Вилијамс.