Откако посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на американскиот претседател Доналд Трамп беше ненадејно прекината по жестоката размена на зборови во Овалната соба, се огласи самиот Зеленски.
-Благодарам Америка, благодарам за вашата поддршка, благодарам на оваа посета. Благодарам на претседателот на САД, Конгресот и американскиот народ. -На Украина и треба праведен и траен мир и ние работиме на тоа во моментов, рече Зеленски, напиша Зеленски на „Х“ откако ја напушти Белата куќа по расправијата со американскиот претседател Доналд Трамп.
Претходно Белата куќа соопшти дека заедничката прес-конференција е откажана, а Зеленски предвреме ја напуштил претседателската резиденција.
Според извори од Белата куќа, инцидентот се случил откако Зеленски му покажал на Трамп шокантни слики од уништувањето во Украина. Трамп реагираше остро, обвинувајќи го Зеленски за непочитување на САД.