15
Американската агенција за социјално осигурување (SSA), која обезбедува помош за милиони пензионирани и инвалиди Американци, соопшти дека планира да отпушти 7.000 работници, што претставува повеќе од 12 отсто од нејзината сегашна работна сила.
SSA, која испраќа парична помош до 73 милиони пензионери и лица со попреченост секој месец, рече дека ќе се фокусира на намалување на бројот на вработени во функции кои не се директно поврзани со обезбедување основни услуги, објави Ројтерс.
Се планира да се намали бројот на вработени од сегашните 57.000 на 50.000.