Автобус на ЈСП удрил во 70-годишен пешак

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Вчера претпладне во 10.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Крсте Мисирков“ и ул. „Петре Ѓорѓиев“ во Скопје автобус на ЈСП, управуван од Б.А.(50), удрил во пешакот Н.С.(70), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини