Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли предлозите за мировен договор со кој би ѝ се отстапиле окупираните украински територии на Русија, велејќи дека „насилното одвојување на територијата ризикува дополнителни напади во иднина“.
„Мислам дека оние земји кои не поддржуваат или можеби сакаат да бидат посредници разбираат дека ако војната заврши неправедно, ќе биде само прашање на време кога луѓето ќе побараат правда“, им рече Зеленски на новинарите во Лондон, пренесува „Гардијан“.
Тој додаде дека Украина „не сака ништо што не и припаѓа“. Зборувајќи за жестоката дебата во Овалната соба на Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс во петокот, тој рече дека е најдобро да се „остави сè на историјата“.
Тој одби да каже што се случило по самиот состанок и пред ненадејно да ја напушти Белата куќа пред ручекот со тимот на Трамп и потпишувањето на договорот за ретки метали. Медиумите објавија дека тимот на Трамп побарал од Зеленски да си замине.