Трендафилов: Некои синдикалци работат на штета на работниците и коленичат пред функционерите

од Nikola Popovski
122 прегледи

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска информира дека поднеле предлог до Владата, до претставниците на работодавачите, како и до пратеничките групи со кој бараат утврдуваање на минималната согласно Законот за минимална плата, дополнително носење на одлука од страна на социјалните партнери за зголемување на минималната плата за 6000 денари.

Според првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов, ова зголемување треба да се случи задолжително и притоа да бидат ослободени за делот од придонесите за разликата од законското усогласување и на таков начин, работодавачите во приватниот сектор да бидат ослободени од плаќање на придонеси во период до најмногу 12 месеци.

-Ова значи дека созреано е времето социјалните партнери да си подадат рака и да го унапредат животниот стандард на работниците на нивото кое е потребно, како што е приближно во регионот и опкружувањето, имајќи во предвид дека таму минималните плати започнуваат од 457 евра па до 800 евра. Денеска предлагаме до пратениците онака сложно како што беа сложни да ги зачуваат трошоците за превоз, да гласаат за предлогот на ССМ за дополнително зголемување на минималната плата за 6000 денари што ќе значи дополнително зголемување на сите останати плати на работниците во Македонија, кажа Трендафилов на прес-конференција.

Вели дека охрабрува тоа што никој досега не отфрлил било каков предлог во контекст на зголемувањето на минималната плата. Во спротивно, секој глас против зголемувањето, вели Трендафилов, значи глас и за купување на билет во еден правец, а тоа е надвор од Македонија, па тогаш македонските работници наместо да ја градат домашната економија, ќе градат некои туѓи економии за 100, 200 или 300 евра поголема плата.

Околу репрезентативноста на Синдикатите, Трендафилов вели дека не е функционална Комисијата за утврдување на репрезентативност бидејќи се повлечени тројцата претставници од Владата.

-Мислам дека Владата на наредната седница ќе треба да донесе усвојување на тројца членови во Комисијата кои ќе ги погледнат списоците доставени од страна на ССМ и ќе ја репрезентативноста на СДСМ за да се добие мислењето на Економскиот-социјален совет, додаде Трендафилов, обвинувајќи дека некои синдикалци работат на штета на работниците и работат да не се зголеми минималната плата и да не се добие репрезентативноста.

-Мислејќи дека на таков начин со коленичење пред функционерите ќе постигнат нешто, а на штета на работниците. Од коленичење болат само колениците. Затоа сакам да упатам порака до работниците дека ССМ ниту во минатото ниту сега нема да ги предаде туку ќе ги повика на улица за заедно доколку е потребно, порача првиот човек на ССМ.

Слични содржини