(ФОТО+ВИДЕО) Белата куќа: Трамп го изеде ручекот наменет за Зеленски

од Milan1
173 прегледи

Портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „буквално“   го изел ручекот наменет за украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Претседателот уживаше во ручекот. Тој  го изеде ручекот на претседателот Зеленски. Тоа беше негова одлука (да ја откаже официјалната вечера со Зеленски ). Тој чувствуваше дека претседателот Зеленски не е во позиција да преговара за мир во моментов“, рече Левит, одговарајќи на прашање од водителката на Фокс њуз, Лаура Инграун, чија одлука беше да се откаже ручекот.

Да потсетиме, во петокот, на 28 февруари, средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба во Вашингтон заврши со неочекуван вербален судир, што резултираше со откажување на планираното потпишување на договорот за минерали.

Трамп и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс го обвинија Зеленски за недостаток на благодарност за американската воена помош, додека Зеленски ја напушти Белата куќа порано од планираното.

Слични содржини