Зеленски: Mногу сметаме на поддршката од САД на патот кон мирот

од Milan1
36 прегледи

– Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Украина работи со САД и Европа за постигнување мир.

„Работиме заедно со Америка и европските партнери и многу сметаме на поддршката од САД на патот кон мирот. Потребен е мир што е можно поскоро“, напиша Зеленски на Телеграм.

Зеленски истакна дека Украина го продолжува дијалогот со партнерите и како што наведе, наскоро се очекуваат натамошни чекори во оваа насока.

Тој нагласи дека украинската страна се обидува својата дипломатија да ја направи „смислена и фокусирана на што поскоро завршување на оваа војна“, пренесува Танјуг.

Зеленски истакна дека Украина бара „вистински мир, а Украинците го сакаат тоа најмногу од сè, бидејќи војната ги уништува нашите градови и села, ние го губиме нашиот народ“.

Тој додаде дека е неопходно да се запре војната и да се гарантира безбедноста.

Слични содржини