ДРАМА ВО ЗАГРЕБ: Фрлена бомба во куќата на најпознатиот хрватски фудбалски агент

од Nikola Popovski
34 прегледи

Драма во Загреб. Непознато лице синоќа фрлило експлозивна направа во дворот на семејната куќа на познатиот хрватски фудбалски менаџер – Енди Бара.

Инцидентот се случил 50 минути по полноќ на улицата „Херцеговачка“, која се наоѓа во елитниот дел на хрватската престолнина. Од експлозијата е причинета сериозна материјална штета, но за среќа нема повредени, јавува „Јутарњи лист“.

Истрагата е во тек. Полицијата ќе проверува дали надзорните камери го снимиле инцидентот и дали агентот добивал закани пред нападот.

Бара е најпознатиот фудбалски агент во Хрватска. Тој ги водел кариерите на бројни ѕвезди, а најголемите имиња кои ги застапува секако се Дани Олмо и Алваро Мората.

Бара е поранешен фудбалер. Играл за младинските тимови на Динамо и Валенсија, како и за Лороњеш од Шпанија, Легија Варшава и Цвит.

По не толку успешната фудбалска кариера влегол во менаџерскиот свет. Првата работа ја добил на 24 години во Варшава, кога му помогнал на соиграч од клубот да оствари трансфер во Германија.

Бара бил посредник и за големиот трансфер на хрватскиот интернационалец Јошко Гвардиола во Лајпциг.

Слични содржини