Исто како Коби: Повредениот Ирвинг го носеа за да изведе слободни фрлања (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
14 прегледи

Далас Маверикс синоќа загуби од Сакраменто Кингс со 122:98, а лошите вести за тимот од Тексас продолжуваат бидејќи Кајри Ирвинг се повреди. Одигра само 9 минути и имаше 7 поени во првата четвртина со 1 скок и асистенција (на 2/4 од поле), а кога се повреди јасно беше дека нема да може да продолжи, па со еден потег ги воодушеви сите во салата.

Популарниот „Uncle Drew“, исто како и покојниот Коби Брајант, со помош на соиграчите и членовите на медицинскиот тим беше доведен до линијата за слободни фрлања за да може да ги изведе, по што ги погоди и беше изваден од игра.

Далас Маверикс по натпреварот не дадоа никакви конкретни информации за сериозноста на повредата на Ирвинг.

„Само лоша среќа“, рече тренерот на Далас, Џејсон Кид. „Се надевам дека не е сериозно и дека ќе биде добро“.

Откако се повреди, Ирвинг лежеше на подот неколку минути држејќи се за ногата. Меѓу оние кои му помогнаа во соблекувалната беше и повредениот Ентони Дејвис.

„Каи е жесток борец”, изјави Кид. „Го прашав додека го носеа надвор од теренот: „Дали си сигурен дека не шутираш? Ако излезеш, повеќе нема да се вратиш. Така го одведоа до линијата за слободни фрлања, ги погоди двете и потоа го повлековме“.

Слични содржини