ВМРО-ДПМНЕ го обвини Трендафилов дека се однесува како портпарол на СДСМ

од Nikola Popovski
33 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ го обвини првиот синдикалец во државата, Слободан Трендафилов дека се однесува како портпарол на СДСМ, па, оттаму прашуваат дали „им враќа за претседателското место во ССМ“. Според владеачката партија, подолг период наназад претседателот на ССМ делува во целост усогласено со ставовите и соопштенијата на најголемата опозициска партија.

-Тоа што СДС ќе го пласира како политичка теза, Слободан Трендафилов го презема како синдикално делување. Барањата на ССМ се барања направено во СДС. Усогласената политика помеѓу СДС и ССМ има некои подлабоки корени, а за тоа кои се тие, ќе откриеме на денешната пресконференција, стои во целосното партиско соопштение.

Сојузот на синдикати бара минимална плата од 500 евра. Придонесите за разликата од сегашниот минималец до 30.000 денари да ги субвенционира државата. Велат, тоа ќе иницира зголемување и на другите плати. Барањата за повисок минималец ги темелат на зголемените трошоци за живот, кои според нив само за една година пораснале за 100 евра.

Синдикатите бараат растот на нето-платата од 6.000 денари да биде задолжителен и за газдите во приватниот сектор.

Работодавците се отворени за дијалог ако државата помогне со субвенции, во спротивно велат-тешко до минималец од 500 евра.

Слични содржини