Орбан ја информирал македонската Влада дека го отфрлува „диктатот“ на ЕУ и дека плаќа казни во „името на пријателството“

од Nikola Popovski
1,K прегледи

Му кажав на господинот премиер (Христијан Мицкоски) дека ги поздравуваме преговорите меѓу САД и Русија и сме заинтересирани за успешен исход. Ние се караме со државите од ЕУ кои се пријатели и наши сојузници, но решија дека Украина мора да продолжи со војната. Продолжувањето на војната е лошо, опасно и грешка. Во четврток за тоа ќе зборуваме во Брисел, рече денеска премиерот на Унгарија, Виктор Орбан на денешната прес-конференција со неговиот македонски колега во Будимпешта по повод вториот меѓувладин самит меѓу Македонија и Унгарија.

Орбан ја информирал македонската Влада дека го отфрлува „диктатот“ на ЕУ и вели дека „никој пат нема да го прифатиме“.

-Затоа мораме да плаќаме и казни во името на пријателството. Му кажав на Мицкоски дека понатаму можете да сметате на нашата поддршка во процесот кон полноправно членство во ЕУ. Срамно е што процесот оди толку бавно напред. Тоа е одговор на нас членките на ЕУ. Го поддржуваме нивното зачленување бидејќи ЕУ мора да ја подобри конкурентноста и не гледам подобро решение од продолжување на процесот на проширување, додаде шефот на унгарската влада.

Орбан соопштил и дека Унгарија, Србија и Македонија припаѓаат на ист економски регион и тоа може да биде, како што вели, заедничка економска зона каде што соработката може да донесе огромен економски потенцијал. Единствен проблем, според него, е тоа што Македонија е надвор од ЕУ, а Унгарија во рамките на европското семејство.

Слични содржини