Раст на економијата од 3,2 проценти во последниот квартал

од Milan1
20 прегледи

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во четвртиот квартал од минатата година е 3,2%, соопшти Државниот завод за статистика.

Во четвртиот квартал од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 13,2% и Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 10,6%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2024 година, номинално расте за 6%, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 66,1%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 3,1%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 2%.

Минатата година, во првиот квартал БДП изнесуваше 1,2%, во вториот квартал 2,3%, а во третиот 3%.

Слични содржини