47
„Во Струмица повторно голем облак од чад на северната и јужната страна од градот. Ова никако не е случајно и за овие намерни палежи некој мора да заглави во затвор! Пријавено е во пожарната и инспекциите кои веќе се на терен, а МВР мора да ги најде подметнувачите. Дознаваме дека во синоќешниот вечерен пожар се гасело отпаден зејтин, а на местото се најдени документи од струмичка фирма. МВР е на потег!“, велат активистите од „Здрава котлина“.