Откриени нови детали: Еве каква судбина ги чека милениците на Хекман и неговата сопруга

од Nikola Popovski
206 прегледи

Актерот и неговата сопруга Бетси најверојатно биле мртви повеќе од една недела пред да бидат пронајдени нивните тела. Во куќата било пронајдено и телото на едно од нивните три кучиња. Двојката, која е големи љубители на животни, имала уште две кучиња кои преживеале.

Трагичната смрт на Џин Хекман е обвиткана во мистерија откако полицијата го пронашла неговото тело заедно со неговата сопруга Бетси Аракава на 26-ти февруари во нивниот дом во Санта Фе.

Бетси беше пронајдена во бањата опкружена со расфрлани лекови, додека Џин најверојатно паднал, со очилата и бастунот покрај него. Друга трагична загуба беше онаа на нивниот 12-годишен австралиски овчар Зина, кој бил пронајден мртов затворен во бањата.

Џин и Бетси биле страсни љубители на кучиња, а имаа и германски овчар Беар и трето куче Никита кои ја преживеале оваа тргедија. Полицијата претходно погрешно го идентификувала Беар како починато куче, па во документот се вели дека полицијата „продолжила да ја претресува куќата каде што потоа забележала/пронашла мртов кафеав германски овчар“.

Пријателот на Џин и Бетси, Џои Падила, кој е сопственик на центарот за миленици „Санта Фе Тејлс“, каде парот ги посвоил своите кучиња, откри за Асошиејтед прес дека Беар е жив и здрав и покрај тоа што го објавија медиумите.

„Ќе ги чувам додека не знам кои се желбите на Бетси за овие кучиња“, изјавил тој за медиумот. Џои додал дека кучињата се „бебињата на Бетси“ и дека таа била посветена на нивната грижа.

Во врска со починатото куче Зина, Џои вели дека кучето „секогаш било приврзано за Бетси, секогаш околу неа и тоа била прекрасна врска“.

„Зина од напуштено куче-засолниште стана неверојатна придружничка во рацете на Бетси“, рекол тој. 65-годишната сопруга на Хекман била во центарот за домашни миленици само еден месец пред нејзината смрт, а Џои изјавил дека поранешната пијанистка во тоа време се однесувала сосема нормално.

Џин и Бетси најверојатно биле мртви повеќе од една недела пред работник кој работел на нивниот имот да ги открие телата, откако пејсмејкерот на актерот престанал да го снима чукањето на неговото срце на 17-ти февруари.

Беар и Никита најверојатно преживеале бегајќи низ вратата од куќата и нашле храна и вода пред да пристигне полицијата. Џои сподели колку двојката ги сакала своите три кучиња, додавајќи дека сигурно се случила трагична несреќа која ја предизвикала смртта на нивниот миленик. „Кога луѓето би знаеле колку педантни и неверојатни се со кучињата“, додал тој. „Нивната судбина ми го скрши срцето“.

„Мислам дека ова е трагична несреќа“, посочил Џои. „Нема шанси Бетси да го остави тоа куче во куќичката за кучиња поради која било друга причина“.

Слични содржини