Тренерот на Лион доби брутална казна поради напад на судијата

од Nikola Popovski
23 прегледи

Дисциплинската комисија на Француската фудбалска лига (ЛФП) го суспендираше тренерот на Лион, Пауло Фонсека до 30 октомври годинава поради недолично однесување кон судијата Беноа Мило на неделниот натпревар против Брест.

Покрај суспензијата од девет месеци, на Пауло Фонсека му е строго забрането да влегува во соблекувалната на својот тим пред, за време и по натпреварите до 15 септември.

Оваа драконска казна 51-годишниот Португалец ја заработи поради својот лут испад и заканите кон судијата во судиското надополнување на натпреварот против Брест, во кој Лион победи со 2-1.

Фонсека беше исклучен во судиското надополнување поради бурната реакција на евентуалниот пенал за Брест. Разбеснетиот Фонсека се втурна во лицето на судијата, кажувајќи му секакви работи, а се смири дури откако играчите на Лион го повлекоа.

Португалецот подоцна се извини.

„Фонсека имаше застрашувачки и заканувачки став и однесување“, рече претседателот на дисциплинската комисија Себастиен Денеу. „Господин Фонсека е тренер во Лига 1, тој е пред се едукатор и се подразбира дека таквиот став е неспоив со неговите должности“, додаде тој.

Раководството на Лион исто така најави ќе го казни португалскиот стручњак кој ги води „лавовите“ од јануари годинава.

Лион моментално е на шестото место на првенствената табела со 39 бодови, 23 помалку од лидерот ПСЖ. Третопласираната Ница, која ја држи последната позиција која води во Лигата на шампионите, има седум бода предност пред Лион.

Слични содржини